Одржано годишно собрание на ЗКИ на РМ

На ден 16.11.2018 година во Струмица, Здружението на комунални инспектори на Р.Македонија го одржа своето Годишно собрание кое оваа година беше изборно и на кое беа донесени следните Одлуки:

Годишно собрание на ЗКИ
  1. Педлог Деловник за работа на гидишното собрание
  2. Избор на работни тела на Собранието
  3. Одлука за усвојување на Извештајот од верификационата комисија
  4. Одлука за усвојување на Финансискиот извештај на Здружението
  5. Одлука за усвојување на Програмата за работа за 2019 година
  6. Одлука за усвојување на извештајот на кандидационата комисија
  7. Одлука за избор на Делегати
  8. Одлука за избор на Извршен и надзорен одбор
  9. Одлука за избор на Претседател
  10. Одлука за промена на на овластено лице на Здружението и
  11. Одлука за усвојување на Заклучок за предлог дополнување на Законот за инспекциски надзор

Нa Годишното собрание беше присутен и Градоначалникот на Општина Струмица г-дин Коста Јаневски кој изрази несебична и силна подршка на работата на Здружението за подобрување на статусот на Овластените комунални инспектори, нивната професионална надлежност и зачувување на животната средина.
На Општина Струмица како домаќин , ЗКИ НА РМ изрази посебна благодарност со доделување на Благодарници.

На Годишното собрание за Претседател на Здружението со мандат од 4 години беше избран МАРЈАН ЈОВАНОВСКИ Овластен комунален инспектор од Општина Чашка.

За Потпретседатели беа избрани Гоце Георгиев – Општина Виница, Александра Минева – Град Скопје и Агни Даути – Општина Струга

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *