<
        
akademika.com.mk

PRAVO.org.mk



Меморандум за соработка



Комуналните инспектори од триесетина општини во Македонија вчера во Виница дадоа зелено светло за потпишување Меморандум и продлабочување на соработката со општина Виница и со Давателот на комунални услуги АДКОМ. Меморандумот го потпишаа претседателот на Советот Благица Андонова и претседателот на Комуналните инспектори ,Гоце Георгиев, а од страна на АДКОМ меморандумот го потпиша актуелниот претседател Игор Спасовски. Меѓу другото, претседателот на ЗКИ , Георгиев упати апел до сите присутни инспектори да потпишат Меморандуми со своите градоначалници за да си ја олеснат работата која е непосредно поврзана со работата на локалната власт, како и Меморандуми со повисоките институции со кои е поврзана законската рамка во делот на комуналното уредување на животната средина. На седницата, старото раководство изврши примопредавање на целокупната архива и документација од Здружението , а беше избран и составот на членовите во Комисиите на Здружението. Претседателот на ЗКИ , Гоце Георгиев присуството на комуналните инспектори од Македонија, го искористи и за да ги сподели своите искуства од последната обука во Јапонија на тема “Менаџирање со водоснабдителните системи“.

24 Септември 2014